×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На 8 црни точки на патиштата ќе се работи на подобрување на безбедноста

    29.05.2019 08:07 | KumanovoNews

    Јавното претпријатие за државни патишта ќе инвестира во подобрување на безбедноста во сообраќајот на 8 црни точки на македонските патишта.

    На 8 црни точки на патиштата ќе се работи на подобрување на безбедноста

    За да се намали ризикот од сообраќајни незгоди, на овие локации ќе се изведе нов асфалтен слој, ќе се работи на дренажата на патот, ќе се постават нови сообраќајни знаци, банкини и друга опрема, а ќе се изврши и соодветно хоризонтално обележување на самиот пат, пренесува Мета.мк.

    Станува збор за патните правци Куманово – Ругинце, Охрид – Свети Наум, Струга – Дебар, Барбарос – Македонски Брод – Кичево, Велес – Петровец, Струмица – граница со Бугарија, Жировница – Дебар – граница со Албанија и Прилеп – Крушево – Сладуево.

     Севкупните работи ќе чинат 39,6 милиони денари и ќе се реализираат во период од 120 дена, се наведува во договорот што е објавен на веб – страницата на ЈП за државни патишта. Со овој проект се очекува да се зголеми безбедноста на оние сегменти од патиштата, каде што во изминатиов период бил забележан зголемен број на сообраќајни несреќи.

    Воедно, ова претпријатие веќе го распиша тендерот за избор на изведувач што ќе врши градежни работи за подобрување на безбедноста на 11 други патишта. До крајот на јуни ќе се чекаат понудите од градежните компании, по што ќе се пристапи кон изведба на градежни активности за намалување на опасноста од постојните црни точки. Двата пакета на патишта треба да се завршат во тековната градежна сезона, за што се обезбедени средства од Светската банка.

    Македонија веќе десетина години нема официјални податоци за точната бројка на црни точки на патиштата. Последните податоци од 2010 година говорат дека се регистрирани 169 црни точки долж целата земја. Токму на овие локации во минатото се случиле поголем број на незгоди со загинати и повредени лица. Податоците на Државниот завод за статистика говорат дека во 2017 година во сообраќајни несреќи во земјава животот го загубиле 155 лица, додека 6.224 лица биле повредени.