На автопатот Куманово-Табановце во возило најдени 8 мигранти
31.08.2019 11:38
| KumanovoNews
Осум мигранти, двајца од Ирак и шест од Пакистан, се пронајдени во патничко возило со скопски регистарски ознаки на автопатот Куманово – Табановце, кај клучката за село Костурник.

Како што соопшти полицијата, случајот вчера во СВР Куманово го пријавила мобилна екипа на Царинската управа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.