На кумановските улици фрлени 80 тони сол
10.01.2019 11:06
| KumanovoNews
На улиците и патиштата фрлени се 80 тони сол, тврдат од Општина Куманово.

Според Момчило Јовановски, во моментот сите патишта се проодни и нема посебни проблеми, освен на одредени места каде што има навеви од снег.
Екипите задолжани за чистење на снегот се на терен вчера од 9.30 часот. Улиците се чистат по приоритете, прв и втор како што е предвидено во програмата, а по потреба се интервенира таму каде што е критично. На терен се 8 возила, 4 камиони за сол, гредер и утоварувач, - вели Јовановски.
Според надлежните во Општината сообраќајот во градот се одвива непречено.