На пет улици нема вода
29.05.2012 07:36
| KumanovoNews
Поради дефект на водоводни цевки утринава без вода се пет улици во центарот на градот.

Без водоснабдување останаа улиците Србо Томовиќ, Народна револуција, Илинденска, Љубе Гачев и Борко Танев. До попладне екипите на ЈП“ Водовод“ ќе ги санираат пукнатите водоводни цевки и домаќинствата кои живеат на овие улици ќе добијат вода .
Во останатите делови на градот водоснабудувањето се одвива нормално без прекини.