Мени

На Табановце откриени 45 мигранти, возачот се обидел да побегне

22.08.2019 10:53 | KumanovoNews

 Во СВР Куманово вчера во 9.30 часот, бил приведен Ј.Х.(36) од Крушево, под сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На Табановце откриени 45 мигранти, возачот се обидел да побегне

Истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце, полициските службеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.

Во него биле пронајдени 45 лица-мигранти (42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.