На Табановце поделени над 50 пакети храна
05.09.2015 13:06
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден екипи од Црвен Крст поделија 52 пакети со храна на мигрантите на Табановце.

Во период од 8 до 17 часот, екипата лоцирана во Табановце, укажа прва помош на 389 лица, и дистрибуираше 52 пакети со храна, 452 шишиња вода, 48 хигиенски пакети, млеко за бебиња и 17 бебешки пакети.
Помош се укажува и во Гевгелија , каде исто така се дели храна и средства за хигиена.