×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце приведени цариници за примање поткуп

    28.07.2019 11:31 | KumanovoNews

    Двајца цариници од граничниот премин Табановце, ноќеска се приведени откако биле пријавени дека примиле поткуп.

    На Табановце приведени цариници за примање поткуп

     Според МВР, ноќеска во 3 часот по полноќ примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на ГП „Табановце“ при влез во Република Северна Македонија. Од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци.

    Царинските службеници се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за eкономски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност - Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапуваше по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ “Примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце.