На Табановце запленет гасен пиштол
05.08.2015 08:05
| KumanovoNews
Еден гасен пиштол со рамка без муниција марка ЕКОЛмод 9 со калибар 9 мм, откриен е од страна на мобилните царински тимови на граничен премин Табановце.

Пиштолот е најден при контрола на автомобил со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце. Непријавениот пиштол бил сокриен во делот од багажниот простор на возилото наменет за резервното тркало.
Изминативе денови на Табановце е запленет телевизор и мермерна плоча.