Над педесет барања за штети од поплавата
16.02.2015 14:38
| KumanovoNews
До општинската комисија за проценка на штети се поднесени 54 барања за проценка на штети од последните поплави.

Рокот истече денеска, а од утре комисии за проценка ќе излезе на терен.
“Утре ќе ги посетат подносителите на барањата во селата Јачинце, Клечовце, Довезнце и Бељаковце“ - вели Цоки Ристовски, претседател на општинска комисиј за проценка на штети.
По проценката на фактичката состојба на терен помеѓу оштетените, Kомисијата ќе достави извештај до Советот на општина Куманово и доколку биде усовен, ќе биде поднесен до Владата.