Над сто луѓе од други држави доселени во регионот
27.07.2015 08:29
| KumanovoNews
Во североисточниот регион лани се доселиле 116 луѓе од други држави.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од тие 116 луѓе, 57 се доселиле во град, а 59 во рурална средина. Во текот на 2014 година, од нашиот регион само 6 граѓани од урбана средина заминале да живеат во други држави, што значи дека иселувањето е многу мало. Според бројките, нашиот регион е со слаби надворешни миграции, бидејќи имаме најмал број на доселени и отселени граѓани во странство.
На ниво на држава најмногу доселени има во скопскиот регион, а најмногу отселени од југозападот и од полошко.