×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наградени првенците на генерацијата во кумановските училишта

    23.05.2017 14:32 | KumanovoNews

    Вкупно 27 ученици од основните и средни училишта од општините Куманово и Старо Нагоричане, денеска беа прогласени за ученици на генерацијата-првенци, по повод Денот на словенските просветители “Кирил и Методиј“ и Денот на просветните работници.

    Наградени првенците на генерацијата во кумановските училишта

    Манифестацијата за доделување на наградите на најдобрите ученици,  традиционално ја организира Регионалното здружение нa просветните работници со подршка на локалната самоуправа Куманово. Присутните ги поздрави и празникот на своите колеги им го честиташе претседателката на Здружението Лидија Николовска-Георгиевска, која истакна дека просветните работници имаат голема одговорност во создавањето на идните генерации кои успешно ќе се носат со предизвиците на животот и ќе се залагаат за доброто на сите.

    „Нашата мисија е да ја пренесеме мудроста и знаењето за тоа кои сме, како живееме, како да се избориме за своето место во сегашноста и иднината. Пренесувајќи ја мудроста на животот, младите поколенија ги учиме на вредности иако понекогаш и сами застануваме пред бедемот на неизвесноста. Да истраеме во нашите просветителски заложби со посигурни и поенергични чекори на патот кон напредокот, почитувајќи ги општочовечките вредности за хуманост, еднаквост, солидарност, слобода на мисла и збор. Учениците се идни градители на нашата култура и заедница со задача да градат мостови на доверба, разбирање и почитување на различните култури. Затоа, да ги охрабриме и понатаму да се раководат од знаењата и науката, да бидат дел од плејада градители на здрави мостови на пријателство со луѓето од различни култури во своето опкружување и пошироко, - рече во своето обраќање Николовска-Георгиевска.

     Присутните ученици, родители, професори и гости ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски, кои им посака многу здравје и среќа во нивното понатамошно образование на најдобрите ученици во општината.

    За првенци на генерацијата 2016/17 година од основните училишта се прогласени деветооделенците:Филип Насковски „Христијан Карпош“, Сара Петрушевска „Браќа Рибар“ с. Табановце, Сара Конин „Кочо Рацин“, Давид Станковски „Магдалена Антова“, Александар Радевски „Карпош“ с. Умин Дол, Иљза Селими „Бајрам Шабани“, Мартина Јакимовска „Вера Которка“ с. Клечовце, Амире Арифи „Јероним Дерада“ с. Черкезе, Семинамера Ајдари „Наим Фрашери“, Евица Милошевска „Толи Зордумис“, Фроси Николиќ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричане, Андреј Величковски „Браќа Миладиновци“, Николина Николовска и Бесијана Рамадани „Кирил и Методија“ с. Романовце, Анастасија Пешевска „Христијан Карпош“ Младо Нагоричане, Деспина Стефановска „Крсте Мисирков“, Дарко Младеновски и Елмира Муареми „Битолски Конгрес“ с. Лопате, Мила Ѓорѓевска „Вук Караџиќ“, Анастасија Илиевска „11 Октомври“ и Мери Крстевска „Кристијан Тодоровски Карпош“.

    Најдобри средношколци се: Теа Стоилковска „Гоце Делчев“, Јована Јовановска и Сара Османи „Наце Буѓони“, Албан Исмаили „Сами Фрашери“, Дарко Георгиевски „Киро Бурназ“, Андријана Ѓорѓевска и Еран Али „Перо Наков“.

    Матурантката Андријана Ѓорѓевска од „Перо Наков“, смета дека никогаш немала да стигне до посакуваниот успех доколку ја немала подршката на родителите, пријателите и професорите во училиштето.

     „Голема благодарност на сите што ми помогнаа да застанам тука денеска, да ја примам наградата за ученик на генерација и претспоставувам дека тука не е крајот, затоа што кога ќе се искочиш на некој висок рид сфаќаш дека постојат уште многу други предизици, патувањето никогаш не завршува. Најмногу се пронаоѓам во книжевноста и се надевам дека во таа насока ќе продолжи моето образование – изјави Ѓорѓевска.

    Учениците добија дипломи и книги, кои ќе ги сеќаваат на нивниот голем успех а програмата беше збогатена со неколку музички точки.

    Во Куманово во основните и средни училишта настава посетуваат 18.000 ученици.