Награди за најдобрите ученици и просветни работници
22.05.2012 09:31
| KumanovoNews
Здружението на просветни работници Куманово утревечер во Младинскиот културен центар свечено ќе го одбележи Денот на просветните работници 24 мај.

По тој повод ќе организира богата културно-уметничка програма, а ќе бидат доделени награди за најдобрите просветни работници и на учениците на генерација од сите основни и средни училишта. Награди ќе добијат и ученици кои се истакнале во нивното уметничко творештво.