Најмалку се градело во североисточниот регион
10.04.2015 08:59
| KumanovoNews
Во североисточниот регион во февруари годинава се издадени само 10 одобренија за градба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Сите 10 одобренија се издадени во општина Куманово и од нив 6 се на физичко лице, а 4 на деловен субјект. Во општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане во февруари не е издадено ниту едно одобрение за градба.
Податоците покажуваат дека во североисточниот и вардарскиот регион каде се издадени само 5 одобренија најмалку се градело, а во источниот имало 35, во југозападен 11, во југоисточниот 17, во пелагонскиот 24, полошки 41 и скопски регион 83 одобренија за градба истиот месец.

