Намалена видливост на патот Куманово - Скопје
22.12.2018 10:34
| KumanovoNews
Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла утрово има на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Св. Николе, Неготино – Демир Капија, Велес – Штип и Велес – Катланово, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.