16. 11. 2020 15:51

Наместо од училница наставниците да држат онлајн настава од дома, препорача Кризниот штаб во Куманово

Наместо од училница наставниците да држат онлајн настава од дома, препорача Кризниот штаб во Куманово

Наставниците коишто држат онлајн настава на учениците во основните и средни училишта да почнат да работат од дома за да се намалат физичките контакти и да се спречи ширењето на коронавирусот, препорача Општински штаб за заштита и спасување на Куманово на денешниот состанок.

- Општински штаб за заштита и спасување дава препорака до раководните лица на сите основни и средни општински училишта, во согласност со нивните овластувања, да го редуцираат физичкото присуство на наставниот кадар во училиштата, кој реализира онлајн настава, истата да ја реализира од дома, со цел да се намалат физичките контакти помеѓу вработените во училиштата, - велат од Штабот.

Исто така тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата за социјална дистанца и носење на заштитни маски, како и да нема групирање на отворено и во затворени простории.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk