Мени

Нападната и ограбена повозрасна кумановка во нејзиниот дом

01.04.2026 17:58 | KumanovoNews

Седумдесет и двегодишна жена од Куманово вчера била нападната и ограбена во нејзината куќа во населбата „Перо Чичо“.

Нападната и ограбена повозрасна кумановка во нејзиниот дом

„Нападот се случил околу 9 часот, кога било пријавено дека на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Ф.А. (72) била физички нападната од едно лице кое со употреба на сила влегло во куќата и се обидело да одземе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.