×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нападната со ножици и повредена медицинска сестра во Кумановската болница, напаѓачот уапсен

    29.09.2022 14:06 | Сузана Николиќ

    Вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово, ноќеска е повредена откако била нападната додека била дежурна во ноќната амбуланта. Нападот го извршил Ф.Ј.(38) од Куманово, кој подоцна бил уапсен. 

    Нападната со ножици и повредена медицинска сестра во Кумановската болница, напаѓачот уапсен

    Медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и и` ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира. Таа паднала на подот, по што тој и` ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење на газа од бирото и ја прободел во левото раме и по вратот, по што жената се оневестила. Мешницата ја слушнале нејзините колешки и дошле да видат што се случува, при што ја нашле на подот со чаршафот на глава во бесознание. Откако ја освестиле веднаш повикале полиција и го алармирале обезбедувањето. Насилникот во меѓувреме побегнал.

    „Ноќеска во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

    Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева го потврди случајот и вели дека уште еднаш се покажало дека здравствените работници не се безбедни на своите работни места.

    „ За жал, ноќеска е нападната дежурна медицинска сестра од непознато лице, не се работи за пациент, туку лице кое е влезено од надвор. Добила две латеро контузни рани, една во пределот на главата и една во пределот на рамето, но не се работи за животно загрозувачки повреди. Сместена е на хирургија и направни се сите иследувања, направена и е компјутерска томографија на главата, нема знаци на внатрешни повреди, но од повеќе причини ќе се опсервира во текот на денот. Сега е стабилна, но вознемирена е со оглед на она што и` се има случено“, вели Захариева.

    Директорката претпоставува дека мотивот за нападот е финансиска корист, бидејќи сестрата е нападната во монетот додека ја средувала касата од дневната наплата на партиципација на прегледаните пациенти. На Одделението не недостасуваат ни медикементи, а Ф.Ј. не ги земал парите бидејќи наишле останатите вработени. 

    Не е познато како тој влегол во зградата, бидејќи влезните врати на одделнијата се заклучуваат на полноќ, а пациентите кои доѓаат подоцна се најавуваат на ѕвоно ако имаат потреба од лекарска помош. Се претпоставува дека можеби се криел во собиле или тоалетите, или влегол преку некој прозорец. Што точно се случувало ќе утврдат безбедносните камери на службата за обезбедување во болницата.