Насилници малтретирале сопружници
02.08.2015 07:52
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.З.(50), Х.З.(24) и И.З.(27) сите од липковското село Никуштак, под сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Тројцата насилници минатиот месец, влегле во домот на Ќ.Ш.(47) на ул. „Браќа Филиповиќ“ во Куманово, при што ги нападнале сопственикот и неговата сопруга, а потоа со тврди предмети им ја оштетиле куќата.