Наврнаа 2 литри дожд на квадрат
07.03.2015 10:30
| KumanovoNews
Во текот на ноќта во Куманово наврнаа 2 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Синоптичарите и за денеска најавуваат облачно време со врнежи од дожд и снег.
“Врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Температурите ќе се движат околу 3 степени. Дури од понеделник, вторник се очекува затоплување на времето и зголемување на температурите“ - вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР.
Во меѓувреме поради врнежите водостојот на реките е благо зголемен, но засега излевања нема.