Наврнаа 28 литри дожд во Куманово
06.04.2015 07:53
| KumanovoNews
Во Куманово во последните 24 часа наврнале 28 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Нивото на реките е зголемено, но засега нема излевања.
“Врнежите беа обилни во северните и западните делови на државата. Во Марово паднаа 78, Пожаране 58, Дебар 45, Тополчани 38, Охрид 36, Претор 33, Крушево 31, Прилеп, Битола и Ѓуриште 27, Скопје 23, Крива Паланка 21 литар дожд на метар квадратен. Денеска не очекуваат врнежи од дожд кои на повисоките места ќе поминуваат во врнежи од снег“ - изјави Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.
Температурите денеска ќе се движат од 2 до 10 степени.