Наврнаа три литри дожд во Куманово
27.03.2015 08:20
| KumanovoNews
Во последното деноноќие наврнаа 3,3 литри дожд на метар квадратен во Куманово, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Пообилни врнежи од дожд ноќеска имало во јужните делови на Македонија.
“Во Гевгелија наврнаа 23, Дојран 13, Крушево 12, Битола 10 литри дожд на метар квадратен. Денеска не очекува облачно време, проследено со врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 9 до 13 Целзиусови степени“ - изјави Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.
Утре претпладне ќе има врнежи од дожд, а во недела времето ќе се стабилизира и се очекува разведрување.