Наврнаа трисетина литри на метар
15.05.2012 09:14
| KumanovoNews
Обилните врнежи од дожд започнаа вчера, продолжија во текот на ноќта, а така ќе биде и до крајот на денот. За четврток временската прогноза е слична, што значи пак ќе има врнежи.

Се очекува 30 до 50 литри дожд да наврнат на метар квадратен. На граѓаните им се препорачува при електрични празнења да не стојат на отворено и да не се засолнуваат под дрвја. При проток на вода од 63 метри во секунда доаѓа до излевање на реките.
Во кумановскиот регион обично се излева Кумановска Река низводно и делот каде Крива Река се влева во Пчиња. Често изливи и кај селото Вакв.