„Не биди ѓубре“ ќе го чисти Куманово
Волонтерите од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во сабота организираат акција за чистење на сметот во Куманово.

Ќе се чистат дивите депонии на просторот помеѓу населбите Пуковско и Проевце, покрај регионалниот пак Куманово-Свети Николе.
„У суботу у 7:30 сабајле (кд не е много вруќо) ќе се чисти у Куманово. Пуковско- главан пут, регионалан, што води накуде Проевце. Кој сака, може СЛОБОДНО да дојде и да помогне (и да доведе друштво). Може и да пише у коментар, за да се прикључи у групу и да се искоординирамо!“, - напиша на својот Фејсбук профил актерката и активистка Ирена Ристиќ.
Акцијата ќе ја поддржи и ЈП „Чистота и зеленило“ со расположивите технички ресурси и луѓе.
Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ настана поради незадоволството од реакцијата на надлежните и од односот на граѓаните кон животната средина. Вакви акции се оддржуваат во сите градови и се собираат тони ѓубре, кои граѓаните го фрлаат каде ќе стигнат.