×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не работи семафорот кај „Автобуска“, со денови никој не го поправа

    29.05.2017 11:23 | KumanovoNews

    Повеќе од една недела не работи семафорот на раскрсницата на улиците „Доне Божинов“ и “Октомвриска револуција“.

    Не работи семафорот кај „Автобуска“, со денови никој не го поправа

    Иако ова е една од најфреквентните крстосници во градот, на семафорот трепка само едно од светлата, а никој од надлежните не го гледа метежот во сообраќајот што секојдневно се создава. Граѓаните и возачите се револтирани поради ваквата состојба.

    „На оваа раскрсница е хаос и кога работи семафорот, а не сега кога е исклучен. Проблем е исклучувањето и вклучувањето од улицата „Октомвриска револуција“, никој не ги почитува правилата и сака што побрзо да помине па цел ден  има невидена нервоза и гужва“, - велат возачите.  

    Од општина Куманово не знааат зошто семафорот не е во функција. Доколку трепка само едно од светлата претпоставуваат дека го исклучила полицијата. Општината има ангажирано фирма за одржување на семафорите во градот, но тие интевренирале само доколку семафорот е расипан и воопшто не работи.

    Од сообраќајната полиција во СВР Куманово велат дека тие не го исклучиле семафорот, а доколку  имаат потреба за такво нешто ја известуваат Општината. Велат дека тие имаат улога на надзорен орган, кој пријавува кога има проблеми со сообраќајната сигнализација во градот, а општината и фирмата за одржување го решаваат проблемот.