×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се донесе одлука за задолжување на Општината, предлогот прво ќе оди на јавна расправа

    10.09.2020 13:52 | KumanovoNews

     Советот на Општина Куманово донесе заклучок со кој се обврзува со предлагачот да спроведе јавна расправа за нацрт-одлуката за долгорочно домашно кредитно задолжување од милион евра од Светската банка за обнова и развој.

    Не се донесе одлука за задолжување на Општината, предлогот прво ќе оди на јавна расправа

    Јавната расправа треба да се одржи во рок од 15 дена откако одлуката ќе биде објавена во Службен гласник на Општината, а дури потоа повторно ќе се најде пред советниците.

    Предлогот го даде градоначалникот Максим Димитриевски, по забелешките на опозицијата дека доколку се донесе одлуката таа ќе падне на суд затоа што е незаконска.

     „Во интерес на јавноста сметам дека доколку овој момент се спори, а јас сметам дека е политички, нема потреба да се брза. Ќе организираме уште една јавна анкета, нека се соберат граѓаните, невладиниот сектор, претставници на јавните претпријатија, установи и нека го кажат своето мислење во однос на приоритетите во градот и во однос на ова задолжување. Јас ќе го прифатам мислењето на мнозинството“, рече Димитриевски.

    Градоначалникот тврди дека предлог-одлуката за кредитното задолжување било донесено врз основа на сондажи на јавното мислење на граѓаните, кои се правеле редовно во општината.

    „На сите анализи граѓаните јасно и недвосмислено кажуваат дека нивните главни приоритети се подобрување на комуналната подземна и надземна инфраструктура, подобрување на хигиената, решавање на сообраќајниот метеж и гасификација за да се намали загадувањето на градот и трошоците за затоплување. Како резултат на тие анкети и анализи, а во соработка со јавните претпријатија решивме да се обидеме да ги подобриме нивните капацитети за да се подобрат услугите кон граѓаните, а од друга страна да се зајакне капацитетот на претпријатијата и најважната работа да се постигне заштеда на ниво на општината со тоа што јавните претпријатија ќе вршат дополнителни дејности во рамки на годишната програма на буџетот“,  рече Димитриевски.   

    Тој вели наместо како досега изградбата на водоводната и канализациона мрежа и зимското оддржување на улиците да го вршат приватни фирми, по набавката на новата опрема ќе се ангажираат јавните претпријатија.

    Градоначалникот информираше дека кредитот е по многу поволни услови, а општината има фискален капацитет да го врати за една година, но тоа би се одразило во развојната програма.

    „ Јас не сакам да бидам градоначалник кој ги врати сите долгови во општината коишто влечат корени уште од 1980 година наваму, а да не добијам можност да ја развијам својата општина заедно со вас. Затоа апелирам и барам поддршка од Советот оваа одлука да биде донесена. Куманово веќе нема блокирана сметка и е една од најликвидните општини во државата, а тоа го направивме со макотрпна работа во последните 3 години“, - додаде Димитриевски.