×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неделков: Штрајкот е исклучително успешен

    20.01.2015 12:24 | KumanovoNews

    Раководството на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) денеска беше во посета на неколку училиште во Куманово, каде се спроведува штрајкот на просветните работници.

    Неделков: Штрајкот е исклучително успешен

     Претседателот на СОНК Јаким Неделков го смета почетокот на штрајкот за исклучително успешен и покрај тоа што последните неколку дена имаше опструкции од повеќето градоначалници во државата.

    На национално ниво сите наши синдикални организации се во штрајк.Има одредени наши членови што вршат опструкција на генералниот штрајк, меѓутоа во многу мал број. Тоа што може да се види по медиумите дека некаде не се штрајкува, тоа не се наши членови. Сакам да потенцирам дека во најголем дел од државата, Скопје, Куманово и другите градови во државата, испочитувана е одлуката на СОНК и се штрајкува во детските градинки, основните и средни училишта, културните институции и ученичките и студенстски домови, - изјави  Неделков.

    Тој најави дека штрајкот ќе трае се до исполнување на нивните барања, a Министерството за образование веќе 20 дена ги игнорира најавите  и не сака да се сретне со нив. Сеуште нема информација дали некаде има вработено работници кои ќе ги заменат наставниците што штрајкуваат, а од синдикатот најавуваат тужби за сите кои ќе го попречуваат штрајкот.