Нема пари за Првомајскиот пикник на Студена вода
30.04.2015 17:23
| KumanovoNews
Нема да се одржи Првомајски пикник на Студена вода.

И покрај сите напори, Здружението на резервни армиски и полициски ветерани не добило пари од локалната самоуправа, а сами не се во можност да ја финансираат манифестацијата.
Ние како здружение немаме средства за автобуси, бина, озвучување. Оваа година нема да одиме на пикник, - изјави Киро Соларски, претседател на Здружение на резервни армиски и полициски ветерани
Пикникот не се организираше ниту минатата година, а пред тоа пет години по ред на Први мај се собираа граѓани од сите возрасти.