×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема пари за реконструкција на Пионерскиот дом, ќе се предвидат со ребаланс на буџетот во јуни, вели министерката Тренчевска

    22.03.2024 12:01 | KumanovoNews

    Во програмата за капитални инвестиции на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) нема предвидени средства за реконструирање и реновирање на Пионерскиот дом во 2024 година.

    Нема пари за реконструкција на Пионерскиот дом, ќе се предвидат со ребаланс на буџетот во јуни, вели министерката Тренчевска

    Целата програма е со помала вредност поради изборниот циклус, па затоа овој објект е изоставен велат надлежните.

    „Поради изборите имаме помала проектирана вредност на Програмата за капитални инвестиции. Но, ништо не е конечно, по завршување на изборите, некаде во јуни со ребаланс на буџетот планираме да предвидиме целосна реконструкција на Пионерскиот дом во Куманово, со што ќе го ставиме во функција. Планираме да го намениме за социјална заштита на лица со попреченост, советувалишта и дневни центри“, одговори за Кумановоњуз  дополнителната заменичка министерка Јованка Тренчевска, при вчерашната посета на Куманово.

    МТСП минатата година го одби барањето да го предаде на Општина Куманово, со образложение дека ќе го користи за свои потреби. Притоа најавија дека во текот на 2024 година реконструкцијата на Пионерскиот дом ќе биде приоритет и ќе се пренамени за социјална заштита на лицата со попреченост.

    „Преку Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2024 година, на Министерството за труд и социјална политика ќе биде приоритет адаптацијата на објектот и негова реконструкција. Објектите кои се во сопственост на државата се објекти кои припаѓаат на граѓаните, земајќи го тоа во предвид Министерството нема да дозволи истиот да биде подложен на понатамошно уништување и пропаѓање. МТСП има во план во објектот да спроведе услуги од областа на социјалната заштита и тоа услуги за лица со попреченост, советувалишта и дневни центри“, одговорија во октомври 2023 година од Министерството на прашањата на Кумановоњуз зошто објектот е неискористен и оставен да пропаѓа.

    Вработените во одделението за инвестиции во Министерството за труд и социјална политика направиле увид во објектот со претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Куманово и констатирале дека е потребна целосна реконструкција и адаптација.

    Дел од зградата на Пионерскиот дом во Куманово од 2018 година е пренаменета за  детска градинка. Иако, тогаш беше најавено дека наскоро ќе се реконстуира целиот објект за истата намена, тоа никогаш не се случи. Напротив, зградата остана незаштитена и стана мета на крадци и уништување. Сега целосно е руинирана и небезбедена за околината.