Невремето остави без струја делови од градот
16.05.2017 13:12
| KumanovoNews
Поради дефект на електричната мрежа, без напојување со електрична енергија останаа повеќе делови на градот и околните села.

Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, без струја е дел од централното градско подрачје, хотел Куманово, Орта Бунар, поток Серава, Светлина и фабриката КИК.
Потоа дел од градот кон касарната „Христијан Карпош“, АМСМ, улиците „Божидар Мицковиќ“, „Сава Ковачевиќ„ и селата Липково, Отља, Черкези, Љубодраг, Глажња, Ропаљце и Ранковце.
Напојувањето со електрична енергија е прекинато по поројниот дожд и грмежите што го зафатија кумановско.