Ниските температури ги измрзнаа кајсиите
31.03.2017 12:05
| KumanovoNews
Промената на времето изминатата седница и падот на утринските температури под 0 степени Целзиусови предизвикаа оштетувања кај овошките, особено кај кајсиите кои се наоѓаат во фаза на формирање плод.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, добра околност е што касните пролетни мразеви траеле кратко и не била зафатена целата територија на државата, поради што последиците не биле големи.
Во наредниот период не се очекуваат ниски температури , а врнежите кон средината на неделата можат да придонесат за пролетно прихранување на посевите.