×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ноќеска почнува летното сметање на времето

    30.03.2019 21:56 | KumanovoNews

     Ноќеска завршува зимското сметање на времето и почнува летното сметање на времето.Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно 2 часот ќе се смета за 3.

    Ноќеска почнува летното сметање на времето

    Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 3 часот со поместување на часовникот за еден час наназад, па 3 часот ќе се смета за 2 часот.

    Одлуката ја донесе Владата на Република Северна Македонија на 124-тата седница според која летното сметање на времето во 2019 година започнува на 31 март во 02h 00min 00s со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00 min 00 s се смета како 03h 00min 00s.

    Летното сметање на времето во 2019 година завршува на 27 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00 min 00 s.Оваа Одлука е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС OJ: JOL2001031R002101 на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016“, се вели во соопштението.

    Донесувањето на оваа одлука, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.