×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Ноќеска во 03.03 часот во Куманово и на северната хемисфера пристигна есента

    22.09.2022 23:56 | KumanovoNews

    На 23 септември, петок, на 266-иот ден во годината според грегоријанскиот календар, во Македонија, во Куманово и на целата северната хемисфера, календарски ќе започне есента.

    Ноќеска во 03.03 часот во Куманово и на северната хемисфера пристигна есента

    Есента официјално ќе пристигне во ноќта помеѓу 22 и 23 септември во 03 часот и 03 минути по средноевропско време и ќе трае до 21 декември до 22 часот и 48 минути, кога ќе започне зимата.  Должината на есента ќе трае 89 дена, 20 часа и 44 минути (што е за шест минути повеќе од минатата година). 

    На есенската рамнодневицата која се случува околу 22 септември на северната хемисфера како што напоменавме настапува есента, а на јужната пролет; обратно, на 21 март на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есен.
     
    Помеѓу летниот и зимскиот солстициум (кои се случуваат на околу 21 јуни и 21 декември), на околу 22 септември, револуцијата ја носи Земјата по орбитата до местото на кое иако, оската останува со ист наклон кон рамнината на еклиптиката, Земјата во однос на сончевите зраци е под прав агол. Во таа позиција директното сончево зрачење удира на екваторот концентрирајќи го загревањето на средината на земјината топка. На северната хемисфера, 22 септември се смета за прв ден на есента и се нарекува есенска рамнодневица, додека 21 март е прв ден на пролетта и се нарекува пролетна рамнодневица, (универзален термин за рамнодневица е еквиноциум што значи еднаква ноќ). Тоа значи дека 21 март и 22 септември, на сите географски широчини, денот и ноќта се еднакви. Ова се случува само на овие два датуми во годината. 

    Есента инаку започнува кога Сонцето, во своето привидно движење во текот на годината, го пресекува небесниот екватор и преминува на јужната небесна хемисфера. Тој ден Сонцето изгрева точно на исток и заоѓа точно на запад.

    На 23 септември, петок,  сонцето во Куманово ќе изгрее во 06 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 29 минути. Денот ќе трае 12 часа, 07 минути и 40 секунди. Сонцето ќе биде во зенит т.е. највисоко ќе се издигне над хоризонтот во 12 часот и 25 минути. Растојанието помеѓу планетата Земја и Сонцето на утрешниот ден ќе изнесува околу 150,1 милиони км. 

    Како и да е, во наредните 89 дена ви препорачуваме да уживате во убавите денови, а љубителите на фотографијата ќе имаат можност да ги овековечат златните бои на есента. Во секој случај, Ви посакуваме пријатни есенски денови!

    Подготвил: Филип Ѓошевски, дипломиран географ на Институт за географија - ПМФ

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk