×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова кривична пријава за тројца вработени во Водостопанство „Кумановско-липковско поле“

    28.05.2019 16:25 | KumanovoNews

     Директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле", Оливер Илиевски, денеска поднесе нова кривична пријава против Ф.Ф., С.Ѓ. и С.Л. вработени во претпријатието,за повеќе кривични дела.

    Нова кривична пријава за тројца вработени во Водостопанство „Кумановско-липковско поле“

    Поднесени се кривични пријави за: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, измама во служба, фалсификување на службена исправа, проневера во служба, несовесно работење, фалсификување или уништување на деловни книги, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.

    Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека оваа група во 2015-та година, направила јавна набавка за резервни делови за систем за наводнување кој не постои, донеле одлука за најповолен понудувач кој не постои и склучиле договор со економски оператор, за кој исто не постои. Групата изготвила лажни документи за прием на стоки во магацин и излез од магацин во ист дена за целокупната набавка, и само по оваа ставка во 2015-та година го оштетила буџетот на Водостопанство за 2.478.327,00 денари.

    За ваков бескрупулозен криминал, јавноста треба да знае и ваквата груба злоупотреба на власт не смее да се повтори. Како раководител на АД Водостопанство во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско-липковско поле" имам морална одговорност и обврска да ги известам граѓаните дека постапката за гонење на криминалци не застанува, криминалните дејствија мора да бидат санкционирани и изведени пред судот на правдата, стои во соопштението на Илиевски, испратено до медиумите.