Нови вработувања во затворот Куманово
Казнено поправната установа - Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка ќе вработи 16 лица на неопределено време.

Огласот за вработување на 10 затворски полицајци е веќе објавен, а огласот за административците ќе биде пуштен до крајот на неделата. И полицајците и административните работници треба да исполната основни и посебни услови пропишани со закон.
- Примарна цел на новите вработувања е подобро функционирање на затворот, пред се во делот на безбедноста, но и во делот на ресоцијализација на осудените лица, како и во административното работење на институцијата. Тоа значи подобра екипираност на затворските служби, - изјави директорот Марјан Спасовски.
Заинтересираните кандидати документите можат да ги достават по пошта или лично во Затвотот Куманово, во селото К`шање.
Полициски службеници:
1.Виш надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Затворска полиција – Помошно – стручен припадник на затворска полиција од прво ниво, со шифра ЗАТ0204В01001, Ниво В1, звање Виш надзорник – 5 (пет) извршители. Паричен износ на нето плата за работното место е 18.531,00 денари;
2.Помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Затворска полиција – Помошно – стручен припадник на затворска полиција од четврто ниво, со шифра ЗАТ0204В04001, Ниво В4, звање Помлад надзорник – 5 (пет) извршители. Паричен износ на нето плата за работното место е 14.902,00 денари;
II – Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да е полнолетен;
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
III – Посебни услови за работното место:
За работното место под реден број 1:
- ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити, според ЕЦБЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование;
- најмалку 3 години работно искуство во струката;
За работното место под реден број 2:
- ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити, според ЕЦБЕТ или МКСОО или најмалку више или средно образование;
- без работно искуство;
Огласот е објавен во дневните весници “Нова Македонија”, “Слободен печат“ и “Лајм” на 17.12.2018.