НРЦ организира камп за новинарство
14.07.2015 09:43
| KumanovoNews
Националниот ромски центар од Куманово организира камп буверо или тренинг за новинарство, за млади ромски девојки на возраст од 18 до 25 години, во комплексот “Етно село“.

Кампот започна вчера и ќе трае до 26 јули. Учесниците ќе стекнат знаења од областа на новинарство, подготовка на филмови и воопшто за ромскиот идентитет.
“Оваа година Буверо кампот се организира во Унгарија и во Македонија. Буверо значи школка на ромскиот јазик, што од друга страна е симбол за добра комуникација, позитивни односи и моќта на женственоста“-велат од НРЦ.
НРЦ кампот го организира заедно со менторите од Унгарија, од Фондацијата Ромедиа.