×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • НСДП Куманово ќе бира нов претседател

    19.03.2015 09:48 | KumanovoNews

    Во трката за прв човек на огранокот се двајца истакнати членови   Јасмина Спасовска и Свето Петрушевски

    НСДП Куманово ќе бира нов претседател

    Општинската организација на НДСП Куманово, во сабота во 12 часот, во кружната сала во Комитет ќе одржи изборна конференција.

    На конференцијата ќе бидат избрани органи на партијата: претседател, извршен одбор и надзорен одбор. На партиските избори ќе гласаат 71 делегат.

    “Во трката за претседател се двајца кандидати и тоа: Јасмина Спасовска и Свето Петрушевски. Извршниот одбор ќе биде составен од 14, а надзорниот од 5 члена. На конференцијата извештај ќе поднесе досегашната претседателка Сунчица Јосифова, а поздравно обраќање ќе има лидерот на НСДП, Тито Петковски„ - вели Зоран Маневски, советник и член на ИО на НСДП.

    На конференцијата се поканети сите политички партии од градот.