×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обединетата српска заедница организира ликовна работилница за Видовден

    31.05.2019 07:36 | KumanovoNews

    Обединетата српска заедница Куманово, утре (сабота) во основното училиште „Вук Караџиќ“ организира ликовна работилница на тема Видовден, на која можат да учествуваат ученици од 11 до 14 години од сите основни училишта во градот.

    Обединетата српска заедница организира ликовна работилница за Видовден

    Работилницата е дел од проектот „Видовденски денови“, финансиран од Министерството за култура и информирање на Република Србија. Проектот предвидува две ликовна работилница и изложба на настанатите дела.

    - На работилницата ќе и предходи краток историски час, на кој учениците ќе имаат можност да се запознаат со настаните, важноста и значењето на овој ден од српската историја. Својата креативност учениците ќе ја покажат преку изработка на мозаици со неконвенционални материјали. Заинтересираните можат да се пријават во ООУ „Вук Караџиќ“ во Куманово, - соопштуваат организаторите.

    Сите трудови ќе бидат дадени на продажба, а собраните средства ќе се искористат во хуманитарни цели. На изложбата ќе биде промовиран и краток видео-запис од историскиот час и атмосферата за време на работилниците.

    Со овие активности Обединетата српска заедница – Куманово, чествувањето на еден од најзначајните датуми за српската историја, Видовден, сака да го одбележи на еден сосема поинаков начин и да им даде можност на младите да ја искажат својата креативност, негувајќи ја и чувајќи ја традицијата и културното наследство на Србите.