Мени

Обележување на хоризонталната сигнализација во Крива Паланка

07.08.2019 09:06 | KumanovoNews

 Општина Крива Паланка започна со активност за обележување на хоризонтална сигнализација, согласно основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај на улицата Св. Јоаким Осоговски.

Обележување на хоризонталната сигнализација во Крива Паланка

„Оваа активност ќе се извршува во периодот од 06.08 2019 до 12.08 2019 г. на улицата Св.Јоаким Осоговски на потегот од станицата за технички преглед-влез во градот, до мотел Македонија-излез од градот“, - соопштуваат од Општина Крива Паланка.

За реализација на проектот за хоризонтална сигнализација, Општина Крива Паланка од својот буџет издвои 300.000 денари, со кој ќе се зголеми прегледноста на улиците и ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, што е приоритет во работата на локална самоуправа.