×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обид за кражба во станот на градоначалникот

    31.10.2013 07:49 | KumanovoNews

     Крадците ја скршиле бравата и лајсната на влезната врата, но не влегле во станот, најверојатно затоа што наишол некој од соседитe

    Обид за кражба во станот на градоначалникот

    Непознати сторители завчера напладне се обиделе да го ограбат станот на градоначалникот Зоран Дамјановски на булеварот Октомвриска револуција во Куманово. Обидот за кражба се случил помеѓу 13 и 14 часот додека никој немало дома. Крадците ја скршиле бравата и лајсната на влезната врата, но не влегле во станот, најверојатно затоа што наишол некој од соседите. Скршената врата ја нашла сопругата на градоначалникот кога се вратила од работа. Дамјановски во тоа време бил во Скопје на службен состанок. Веднаш повикале полиција која излегла на терен и извршила увид на лице место.

    Кражбата сакале да ја извршат најверојатно повеќе лица, многу професионално, затоа што бравата ја провртеле со дупчалка а бургијата ја ладеле во водата за цвеќиња што во шише ја чуваме пред станот.Истовремено ги ограбиле и соседите. Незнам кој би можел да го стори тоа и не се сомневам во никого, оставам полицијата да открие.-изјави градоначалникот.

    Од СВР Куманово го потврдуваат случај на тешка кражба во обид во станот на градоначалникот, и велат дека работат на откривање на сторителот.

    Крадците истиот ден провалиле во друг стан во зградата, еден кат над градоначалникот, и однеле златен накит во вредност од 10 000 евра.

                                                                                                                                                                                   (Вест)