Мени

Објавен оглас за прием на 300 нови војници во АРМ

02.04.2026 13:55 | KumanovoNews

Министерството за одбрана објави Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Македонија.

Објавен оглас за прием на 300 нови војници во АРМ

Кандидатите треба да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност и да имаат завршено средно образование, да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

„Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности“ стои во соопштението од Министерството за одбрана.

Јавниот оглас е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана и трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.