×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен оглас за вработување на 200 професионални војници во АРМ

    16.09.2020 10:20 | KumanovoNews

    Министерството за одбрана денеска објави оглас за вработување на 200 професионални војници во служба во АРМ.

    Објавен оглас за вработување на 200 професионални војници во АРМ

    Според огласот се работи за договор за вработување во времетраење од 4 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат посебна здравствена и физичка способност,  да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

    Платата изнесува над 25.000,00 денари, со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

    Кандидатите при селекцијата ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност.

    Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.