Објавен повик за субвенционирање на занаетчии
17.02.2015 09:43
| KumanovoNews
Занаетчиите најдоцна до 15 мај годинава, во архивата на Министерството за економија, можат да поднесат барање за добивање субвенции.
Државата помага со кофинансирање на 70 отсто од трошоците за набавка на алати, опрема, уредување на деловен простор, обука на занаетчии и слично, под услов сумата да не биде повсока од 120.000 денари. На занаетчиите ќе им се кофинансираат парите за трошоци направени од 1 јануари до 15 мај годинава. Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на веб страната на Министерството за економија.