Објавени прашањата за екстерно тестирање
Државниот испитен центар објави 450 илјади прашања за екстерното тестирање кое треба да се одржи од 5 до 9 јуни.

Од Државниот испитен центар велат дека учениците, наставниците, но и родителите доколку имаат забелешки за прашањата ќе можат да дадат свој коментар на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk до 15 мај.
Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а учениците ќе полагаат два предмета по електронски пат.
Според последните законски измени за основно и средно образование, годинава новина е тоа што екстерно нема да полагаат учениците од четврто и петто одделение, односно ќе бидат тестирани учениците од шесто одделение до трета година средно.
Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни, по што следи период за поднесување приговори кој ќе трае три дена. Конечните резултати ќе бидат објавени на 27 Јуни.