×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Облачно со врнежи од дожд и во наредните денови

    09.04.2019 10:19 | KumanovoNews

    Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во утринските и претпладневните часови на повеќе места ќе има пообилни врнежи (локално над 20 л/м2).

    Облачно со врнежи од дожд и во наредните денови

    Во источните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

    Утре времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови.

    Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.