×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обука за претприемништво во туризам

    09.06.2017 08:33 | KumanovoNews

    Здружението „Регионален центар за соработка  СПЕКТАР“ – Крива Паланка,  испраќа покана до сите млади луѓе, кои се заинтересирани за отпочнување на сопствен бизнис во областа на туризмот, да земат учество на претстојната обука за претприемништво. 

    Обука за претприемништво во туризам

    Се бараат млади луѓе над 18 години, жители на прекуграничниот регион Бугарија – Македонија, коишто се уште учат односно се средношколци на завршна година или студенти, како и невработени, кои што скоро го завршиле своето образование.

    Обуката ќе се спроведе како дел од проектот „СТЕПС – Поддршка на претприемништвото и популаризирање на услугите во туризмот“ кој што се рализира од Здружението „РЦС СПЕКТАР“ - Кр. Паланка, Македонија во соработка со Здружението „Младински Општински Совет“ од Ќустендил, Бугарија, а е финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија

    Се очекува обуката за претприемништво да биде организирана во месец Септември 2017г. во Ќустендил, Бугарија и Крива Паланка, Македонија, со 2 мешани групи од по 20 учесници. Во времетраење од 3 дена ќе бидат добиени знаења за отпочнување на сопствен бизнис во сферата на туризмот, неопходните менаџерски и комуникациски вештини како и спроведување на маркетинг и реклама на активностите.

    Кандидатите е неопходно да испратат своја биографија до 21 Јуни 2017 год. на електронската адреса [email protected]  Изборот на учесниците како и обуката ќе се изврши од подизведувачот на оваа проектна активност – фирмата „ПроАктив Тим“ од Софија. Ако ги исполнувате критериумите ќе бидете поканети на интервју во периодот 27-29 Јуни во Крива Паланка.

    Проектот СТЕПС има основна цел зголемување на квалитетот на туристичките услуги во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија, преку зголемување на квалификациите и стимулирање на претприемништвото помеѓу младите. Водечки партнер во проектот е Здружението „Младински Општински Совет“ од Ќустендил,Бугарија, кој што е во партнерство со Здружението „Регионален Центар за соработка СПЕКТАР“ – Кр. Паланка.

    Линк од брошурата за МЛАДИ ЛУЃЕ ЗА ОБУКА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО ТУРИЗМОТ