Од 1 август укинати придонесите за хонорарците
03.08.2015 11:47
| KumanovoNews
Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1 август годинава.

Ова решение Владата го предложи откако анализите покажаа дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведе, ги исцрпеа ефектите кои требаше да се постигнат. Законските измени за укинување на обврската за плаќање придонеси за здравствено и пензиско огисугурување за договорите на дело, авторските договори и слични договори се донесени на седница на Владата.