×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска градоначалниците ќе одат на работа, но нема да потпишуваат документи

    16.05.2017 07:47 | KumanovoNews

    Градоначалниците од денеска ќе одат на работа но нема да потпишуваат документи, бидејќи на полноќ им истече мандатот.

    Од денеска градоначалниците ќе одат на работа, но нема да потпишуваат документи

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вели дека со администрацијата ќе продолжат да ги извршуваат секојдневните обврски, со цел да не се блокира работата на општината и да го заштитат јавниот имот на граѓаните, но нема да потпишуваат документи ниту, пак,  да ги користи општинските пари.

     „ Од денеска ќе бидат блокирани средствата од блок дотациите, социјалниот трансфер, културата,  промет на недвижности, субвенциите за јавните претпатијата, плаќање на сметките електрична енергија, јавното светлување, превозот на ученици и сите фунцкии кои ги врши општината како логистика на јавните установи ќе бидат доведени во прашање. Затоа апелирам уште еднаш што побрзо да се најде решение за проблемот“ – изјави Дамјановски.

    „Работата на локалните самоуправи сега е под знак прашалник. Затоа повикуваме прашањето за локалните избори да биде приоритетно. Не мора да се чека избор на нова Влада за да се распишат изборите и донесат законите“,- вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

    Парламентарните партии вчера се договорија локалните избори да се одржат на 15. октомври, до кога треба да биде продолжен мандатот на градоначалниците и советите, за што се потребни измени во Изборниот законик.