×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска задолжително носење на маски на отворено

    29.10.2020 07:14 | KumanovoNews

    Од денеска сите граѓани ќе мора да носат маски и на отворено. Синоќа Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

    Од денеска задолжително носење на маски на отворено

    Носење на маска не задолжително при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично), при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице или лица со кои живее во заедница или при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице или лица со кои заедно живеат.

    Маска на отворено нема да се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, натаму ако лицето е помладо од 6 годишна возраст и ако лицето има специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

    За непочитување на новите законски обврски ќе се пишува казна од 20 евра за неносење на маска.

    Покрај задолжително носењето маска на отворено, задолжителна е самоизолацијата на оние кои чекаат тест за коронавирус и се забранува групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието.

    Со Законот, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува ако резултатот е позитивен. За прекршување на самоизолацијата казната е 50 евра.