Од Комитет фрлени летоци против власта
16.03.2015 15:04
| KumanovoNews
Од кровот на зградата на поранешен Комитет, денеска напладне беа фрлени летоци со политичка содржина против централната власт.

Не е познато кој ги фрлил летоците, но на една од пораките пишува Вистината за Македонија, додека останатите се без потпис.
Полицијата дојде на лице место, поради што кратко беше затворена улицата „Илинденска„.
Откако заврши увидот, комунални работници ги собраа летоците од тротоарот и улицата.