Oд мигранти од Сиера Леоне украле 5.300 евра
16.01.2015 11:40
| KumanovoNews
Разбојници ноќеска ограбиле мигранти на локалниот пат од Куманово кон село Ваксинце.

Во близина на железничкиот премин околу 2 часот по полноќ, неколку непознати лица со закана со пиштол ограбиле тројца државјани на Сиера Леоне, од кои одзеле 5300 евра. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.